Home Шоубизнис „Синиша знае дека може да живее уште 10 дена, ама и уште 30 години“

„Синиша знае дека може да живее уште 10 дена, ама и уште 30 години“

Пријател на некогашниот фудбалски ас и актуелен фудбалски стратег и тренер Синиша Михајловиќ, за српски „Спортал“ проговори за здравствената состојба на фудбалскиот стратег. 

Изминатите денови имаше различни информации за состојбата на Синиша Михајловиќ, но ништо од тоа не беше официјално потврдено.

Михајловиќ веќе три години се бори со леукемија, се пишуваше дека сега состојбата му е влошена, но стигнуваа и деманти за тоа.

Пријател на Михајловиќ, кој сакал да остане анонимен, за српски „Спортал“ зборува за состојбата на поранешниот фудбалер.

„Синиша е во болница, свесен, буден. Не е во кома како што некои објавуваат, ниту пак бил во кома. Денеска дури е и подобро од вчера, од завчера… Но, тој е во божји раце. Знае Синиша дека може да живее уште 10 дена, ама и уште 30 години. Таква е болеста. Тој е свесен за тоа, свесно е целото негово семејство. Синиша е расплакан поради семејството, таков е, голем, во најтешките моменти повеќе се грижи за семејството отколку за себе“, вели пријателот на Михајловиќ.

На Михајловиќ пред три години му беше дијагностицирана леукемија после рутински прегледи откако бил неколку дена болен мислејќи дека е грип или настинка, по што еднаш успеа да ја победи болеста, му беше трансплантирана коскева срцевина, но брзо потоа болеста пак се врати и од март повторно мораше на терапии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…