Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дедо Синиша Стевиќ од српското село Мијајловац лоцирано во близина на Великo Градиште, со децении е еден од најпознатите столари во овој дел на Србија. Стотина дрвени производи излегле од неговата вешта рака, а напорната работа и уште потешкиот живот го обележале неговиот животен век.
Денес, тој е во осмата деценија од животот и својата старост ја живее сосема сам. Сепак, овој врвен мајстор решил да биде хуман и да даде сè што стекнал во текот на својот живот на семејство кое би се доселило да живее со него.
– На мојата крстна слава, Свети Тома, сам запалив свеќа и го преселов колачот, како минуваат деновите сè помалку можам да се движам и да работам, затоа не би сакал остатокот од животот да го поминам сам. Жена ми, која почина, и јас не можевме да имаме деца и затоа сè што имам и сè што сум стекнал би го дал на некое чесно семејство кое би живеело со мене во заедница, а по мојата смрт сè би наследило – вели Синиша за РИНA.
А, она што го има овој човек воопшто не е малку, бидејќи во неговиот двор има две куќи и столарска работилница што се простира на дури 540 метри квадратни и е опремена со современи машини.
Вложив сè во мојот бизнис и го проширив производството. На луѓето што ќе дојдат им останува да продолжат да работат, и ако даде Бог, уште повеќе да ја прошират дејноста, ги имаат сите услови за тоа. Дури и јас планирав да ја надоградам фабриката на над 1000 метри квадратни, но веќе сум стар и немам сила, но затоа сум тука да им помогнам на оние што сакаат и можат да работат – вели овој столар.
Меѓутоа, за некој да го наследи и да го добие овој необичен подарок од Синиша, тој мора да исполни два услови.
-Семејството да е чесно и да ја продолжи семејната слава. Тоа е единственото нешто што го барам за возврат, од оние кои ќе решат да живеат со мене и кои ќе добијат сè што сум стекнал со напорна работа – вели тој.