Синдромот постпразнична депресија и неговите симптоми


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу луѓе на големо зборуваат за нивното искуство со празничната депресија, „новогодишен блуз“ или депресија за време на празници.

Но, раздразливост, рамнодушност, промени во расположението се евидентни и откако празничната еуфорија ќе стивне.

Оваа појава ги има истите карактеристики како анксиозноста или нарушувањето на расположението: несоница, недостаток на енергија, раздразливост, потешкотии во фокусирањето и анксиозност. Но, за разлика од клиничката депресија, постпразничната депресија трае пократко. Иако повеќе внимание се посветува на депресијата пред и за време на празниците, незадоволството по празниците е присутно и кај многу луѓе.

Иако се работи за релативно нов концепт, експертите сметаат дека овој тип на депресија предизвикува повлекување на хормоните на стресот по некој важен настан (важен рок за завршување на задача или празници). И ова повлекување на хормоните на стресот има огромно влијание врз нашата биолошка и психолошка благосостојба.

Сиот стрес околу организацијата, собирањето со семејството и пријателите, завршувањето на работните задачи пред празниците може да биде емотивно исцрпувачки, но и внесот на шеќери (празнични слатки, колачи, пити), како и прекумерното консумирање алкохол игра огромна улога во зголемувањето на чувството на анксиозност.

Траењето постпразничната депресија е индивидуално, но доколку раздразливоста, тагата или исцрпеноста потраат неколку месеци, време е да посетите специјалист.

За да ја надминете постпразничната депресија, погрижете се за себе – спијте доволно, хранете се здраво, вежбајте и намалете го внесот на шеќер и алкохол.

Не избегнувајте дружење – социјалните интеракции се клучни за нашата благосостојба. Одвојте време за пријателите и хобијата во кои уживате.