Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синдикалците од УКИМ задоволни излегоа од состанокот во Владата, каде што од премиерот и министрите за финансии и за образование побараа повисоки плати, подобри услови за работа и потпишување на Колективен договор.
„Но побараа малку време да направат дополнителни пресметки затоа што во тек е донесување на новиот буџет. Во некое блиско време ќе имаме повторно средба. Очекуваме конечно да биде позитивно одговорено на нашите барања…”
Синдикатот бара постепено покачување на платите – по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да се достигне ниво од 100-процентно покачување.
Го цениме трудот на професорите, но мора да ја имаме предвид и економската криза, велат од Владата, посочувајќи дека платите на универзитетите се зголемени за 20% во изминатите четири години.
“Од премиерот и министрите беше посочено дека ќе се направат детални анализи и пресметки за да продолжи зголемувањето на платите во високото образование и наука и следната година, но и беше побарано од Синдикатот да се направи реорганизација на факултетите и воведување на нови атрактивни студиски програми, кои ќе ги зголемат сопствените приходи на високо образовните установи”
Минатата година беше постигнат договор од СОНК за зголемувањето на платите од седум отсто, но според синдикатот на УКИМ тоа е минимално и не ја опфаќа како што велат, најзагрозената категорија вработени, а тоа е ненаставниот кадар.