Home Актуелно Син си го убил татко си по семејна расправија во прилепското село Селце

Син си го убил татко си по семејна расправија во прилепското село Селце

Полициските служби во Прилеп го приведоа 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал. Осомничениот е приведен на прилепската улица „Димо Наредникот“.

Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди.

Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот. Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп.

Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот 26-годишен А.М..

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…