Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во своето сведоштво за настаните од крвавиот собраниски 27 април, обвинетиот Захарие Симовски потврди дека имало оружје кај дел од обвинетите.
Тој во својот исказ тврдеше дека Игор југ, кој е обвинет дека требало да го ликвидира Зоран Заев, како и Јане Ченто и лично тој носеле оружје. Симовски тврдеше дека активностите на екс директорот на УБК не престанале по кравиот четврток.
„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“,