Симовски ДСЗ тврди: Попис во септември ќе има – попишувачите ќе се вакцинираат во август


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, порача дека не е планирано ново одложување на пописот во септември.

„Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки.Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни.Во септември времето е се суште убаво па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено.Очекуваме дека и поглем дел од граѓаните ќе бидат вакцинира.Од министерството за здравство семе информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бида вакцинирани“, изјави Симовски.

„Она што сите не загрижува е дека голем број на луѓе ни се отселуваат. Показателите кои ги прибираме со статистичките истражувања во однос на раѓањата укажува дека имаме континуиран пад на раѓањата дома, додека расте на раѓањето во странство. Сето ова укажува дека добар дел од нашата популација е иселена од државата. Оттука е и мојот страв дека бројките на населението се помали. Податоците што ги гледав се запрепастувачки. Податокот од германскиот статистички завод е дека крајот на 2020 година во Германија имаме 128.000 македонски државјани кои престојуваат таму, со одобрение за престој. Тоа е огромна бројка. Не знаеме колкав е бројот на наши лица кои потекнуваат од Македонија, а имаат германско државјанство, бидејќи Германците не дозволуваат двојно државјанство, но исто така немаме податок колку наши државјани отишле таму со бугарски пасош, бидејќи ги сметаат како бугарски државјани, а таква бројка е близу 300.000. Само овој податок ќе ве замисли. Каде се останатите европски земји, прекуокеанските земји. Од она што сега го прибираме со самопопишувањето во страство, верувајте ми дека нема точка на земјината топка каде немаме наши државјани“, вели Симовски во интервјуто за Утрински брифинг.