Симната таблата „Влада на Република Македонија“, ќе се мести со додавка Северна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово зградата од Владата осамна без таблата на која пишуваше „Влада на Република Македонија“. Од Владата не даваат објаснување зошто преку ноќ е извадена таблата, туку известуваат дека денес, во текот на денов, ќе се организирала церемонија пред платото на Владата со подигнување на знамето на НАТО, пренесува Макфакс.

Засега нема информации кои институции, по Владата, ќе го впишат новото име, но сè поизвесно е дека Собранието, Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана ќе бидат следните институции кои ќе ги заменат старите табли со нови на кои на ќе биде впишано името Република Северна Македонија.

За поставувањето на таблите со новото име во институциите надлежна ќе биде Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција. Воедно, написите треба да бидат усогласени со Законот за јазици, односно новото име покрај на македонски треба да биде впишано и на албански јазик.