Симеоне си „бендиса“ талент на Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


19-годишниот дефанзивец Ријс Оксфорд, кој е во сопственост на англискиот клуб Вест Хем, е голема трансфер цел на Атнелтико Мадрид, пренесуваат англиските медиуми.

Оксфорд во моментов игра како позајмен фудбалер во Борусија Мехенгалдбај, а „чеканите“ го проценуваат на 12 милиони фунти. Таа сума нема да биде проблем за Атлетико чии скаути веќе подолго време го следат дефанзивецот.

Младиот англиски репрезентативец исто така е впечатлен од идејата да се пресели во Мадрид и да работи со Диего Симеоне.

Раководсвото на Лајпциг исто така покажува сериозен интерес за Оксфорд, но тој преферира преселба во Атлетико Мадрид.