Симеоне потврди дека една од ѕвездите заминува во јануари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Французинот Томас Лемар е на чекор да си замине од Атлетико Мадрид, бидејќи оваа сезона ретко добива шанса во првиот тим.

Медиумите долго време шпекулираа за негово заминување, а тоа денес го потврди и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Лемар не ги оправда очекувањата. Јас по принцип секогаш сум бил воодушевен од неговите квалитети, бидејќи такви квалитети нема никој друг во тимот. Но, секогаш кога добиваше шанса, не успеваше да ја искористи. Дали ќе остане? Не знам да кажам со сигурност, но во секој случај ќе се најде некое решение кое ќе биде добро за него и за клубот“, изјави Симеоне.

Французинот пристигна во Атлетико во 2018 година за 70 милиони евра како големо засилување, но не ги оправда очекувањата и неговата цена драстично падна.