Симболот на Лондон запира после 157 години: Биг Бен нема да работи четири години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот часовник „Биг Бен“ следната седмица ќе престане да работи поради обновувањето на кулата, а ѕвоната на познатиот часовник кој што е симбол на Лондон нема да се слушаат во идните четири години.

Тие последен пат се огласија денеска на пладне, а потоа ќе работи само часовникот, но без да се слушаат неговите ѕвона.

Досега, тие се огласуваа на секој час, за да го покажат точното време, како и на секои 15 минути со еден краток ѕвон. Ваквиот ритам на Биг Бен е воспоставен пред 157 години.

Последен пат, ѕвоната на Биг Бен биле „замолчени“ во периодот меѓу 1983 и 1985 година, поради градежни работи. Исто така, ѕвоното не се огласуваше за време на погребот на британската премиерка Маргарет Тачер во 2013-та година.

Повремено ѕвоната ќе се вклучуваат за посебни околности, како што е означувањето на Новата година, или одбележувањето на Денот за паметење на сите британски војници што учествувале во Првата светка војна и во сите други војни и воени судирања потоа, во средината на ноември.

Кулата е висока над 30 метри, а неговите ѕвона се тешки 13, 7 тони. Биг Бен важи за најфотографираниот објект во Велика Британија.