Advertisements
Актуелно

Симболичен штрајк: Мантилите протестираа за текстилните работнички во Штип

За работничките во конфекциите во Штип нема празник. Иако е неработен ден, по повод државниот празник 8 Декември, Денот на Св. Климент Охридски, тие и вчера беа на своите работни места.

Ова го поттикна штипското здружение „Гласно“ да организира симболичен штрајк, на кој, во името на работниците, протестираат нивните мантили.

Со транспаренти на кои беа испишани пораките „Празници со семејството“, „Сабота е неработен ден, не и за работници“, работничките мантили побараа бришење на член 2 од Законот за минимална плата во текстилната и кожарската индустрија, која во овој сектор изнесува 9 000 денари, а во сите останати 10 080.

Advertisements
To Top