
Ќерката на Саша Поповиќ не е многу активна на социјалните мрежи
Александра Поповиќ, ќерката на Саша Поповиќ, на денот на погребот се држеше многу достоинствено.
Цело време, црвенокосото девојче ги криеше солзите зад очилата, обидувајќи се да ја утеши својата мајка.
Дека ѝ е тешко, не мораше ни да каже – тоа беше очигледно.
Токму поради тоа, никој не очекуваше дека два дена по смртта на својот татко, таа ќе се огласи на социјалните мрежи.
– Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите луѓе кои ни изразија сочувство. Сѐ уште добивам пораки и знајте дека ги гледам сите, но не можам на секоја да одговорам бидејќи ги има премногу. Навистина ми значи да слушнам колку сите го сакавте и почитувавте мојот татко. Ви благодарам – напиша таа на својот Инстаграм и притоа откри дека нејзиниот роденден е на 8-ми март.
– Гледам дека некои од вас денес ми го честитаат роденденот. Веројатно сте прочитале неточна информација во некои медиуми.
– Мојот роденден е на 8-ми март. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите што ни изразија сочувство – напиша Александра, која е родена на ден кој симболизира женска борба, солидарност и сила.