Силвестер Сталоне уште ги чува двете желки од „Rocky“ – денес тие имаат 44 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Силвестер Сталоне откри неколку детали од новиот филм Creed, а еден од најсипатичниот е фотографијата на актерот со двете желки кои ги задржал после снимањето на филмот Rocky, а кои денес имаат по 44 години, пренесува People.

72-годишната холивудска ѕвезда моментално го снима новото продолжение од филмот Creed, а во него ќе се појават и двете желки, Каф и Линк, кои се со него уште од 1976 година.

„На сетото за Creed 2 со моите пријатели од првиот дел од Rocky, Каф и Линк сега имаат 44 години“, напиша Сталоне во описот на фотографијата која ја објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Актерот не ги задржал само желките, нему му припаѓа и кучето Буткус кое се појави во првите два дела од Rocky.

Сталоне морал да го продаде Буткус на странец кој го запознал на улица, бидејќи му биле потребни пари за храна, но набрзо потоа си го откупил назад откако го постигнал првиот успех и заработка со сценариото за Rocky.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

„Тоа беше како чудо од модерното време, но типот на кој му го продадов ми побара 15.000 долари за да му го откупам бидејќи знаеше дека сум очаен и дека си го сакам својот миленик назад“, откри Сталоне, додавајќи дека повторното враќање на своето куче вредело за секој цент.