Силвестер Сталоне најпосле потврди: „Ќе ставам потпис на тоа“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Каде на друго место ќе се објави некоја ваква информација, ако не на Инстаграм, социјалната платформа која ја користат сите славни фаци за вакви намени, па и Силвестер Сталоне.

Сталоне на својот Инстаграм профил потврди дека ќе го режира и продуцира Creed 2, продолжението на боксерската филмска драма од 2005 година, која настана како „спин-оф“ на неговиот серијал филмови од франшизата Rocky.

Тој на социјалната платформа објави фотографија на која позира во друштво на ѕвездата од првиот дел, Мајкл Б. Џордан, со напомена дека едвај чека да се зафати со режирање и продукција на продолжението следната година.

Првиот Creed го режираше Рајан Куглер, според сценарио кое го напиша во соработка со Арон Ковингтон. Мајкл Б. Џордан го глумиеше синот на Аполо Крид, најголемиот противник на Роки, а подоцна и најдобар пријател.

Џордан ќе ја репризира својата улога во продолжението, но Куглер беше спречен да се зафати со режија на „двојката“, со оглед на фактот дека сега штотуку го завршува Black Panther, најновиот додаток од Marvel Cinematic Universe.

Сталоне претходно најави дека снимањето на продолжението на Creed се планира да почне на почетокот од следната година, така што претпоставката, иако официјално не е потврдено, е дека филмот премиерно би можел да биде прикажан во ноември 2018 година.