Силувана и претепана: Дали истрагата за проневерени европски пари ја уби бугарската новинарка Маринова?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Минатата сабота Бугарија и Балакнот ги потресе бруталното убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова, која беше силувана и брутално претепана до смрт во бугарскиот град Русе.

Марионова, според најновите информации кои стигнуваат од Бугарија, најверојатно истражувала проневера на пари од европските фондови за изградба на патишта во Бугарија.

Бугарските медиуми известуваат дека нејзината последна емисија емитувана на 30 септември ,,Детектор“, била посветена на тоа прашање, а гости и биле колегите, бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата Бивол и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија.

Стојанов и Биро беа упасени минатиот месец од бугарската полиција во близина на Софија поради тоа што истражувале уништување на документи кои откриваат корумпирани практики од страна на приватна компанија за изградба на патишта, осомничена за извршување измами со европски фондови.

Европските и меѓународните федерации на новинари изразија шокираност поради убиството на Викторија Маринова, 30-годишна бугарска новинарка која работи за регионален ТВ-канал ТВН. Побараа бугарската влада најбрзо што може да го расветли нејзиното убиство.

Таа е четврта новинарка убиена во земји од Европска Унија од 2017 година по Ким Вол во Данска, Дафне Каруана Галиција во Малта и Јан Куцијак во Словачка.

Сите се убиени на брутален начин.

Маринова била силувана и брутално претепана, па задавена. Нејзиното тело е пронајдено крај Дунав, на непристапно место.