Силната порака на фамозното јајце кое стана рекордер на Инстаграм


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред извесно време, Инстаграм фотката од славната Кајли Џенер на која таа ја држи новородената ќеркичка беше рекордер по бројот на добиени „лајкови“ на оваа социјална мрежа со бројка од над 18 милиони „допаѓања“ од обожавателите.

Но, тогаш на сцена на Инстаграм стапи едно „анонимно јајце“ кое беше тенденциозно во намерата да го собори тој рекорд на Кајли. И тој обид му успеа и тоа со вртоглава бројка од над 52 милиони „лајкови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EGG GANG ? (@world_record_egg) on

Тогашната „порака на јајцето“ гласеше: „Ајде да се обидеме да поставиме рекорд и оваа фотографија да освои најмногу лајкови, повеќе и од Кајли Џенер, која во моментов го држи тој рекорд со 18 милиони лајкови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EGG GANG ? (@world_record_egg) on

А сега истото јајце се врати на Инстаграм со нова, многу поконкретна и посилна порака од претходната, осврнувајќи се на чувството на притисок кое го создаваат социјалните мрежи врз луѓето и начинот на кој се носат тие со истиот.

„Здраво. Јас сум јајцето рекордер (можеби сте чуле за мене). Неодамна почнав да пукам. Притисокот од социјалните медуми ме стигна. Ако и вие се борите со тоа, поразговарајте со некого“, порачува фамозното јајце.