Силјановска тврди: Законот за јазици е противуставен и го подрива Рамковниот договор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Предлог законот за јазици кој е во собраниска процедура по скратена постапка, е противуставен и го урива духот на Охридскиот рамковен договор, изјави професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска Давкова во дебатата на „Макфакс“.

Членовите од предлог законот кои што кои се однесуваат на униформите, симболите и судските постапки, се носат со двотретинско, а не со обично мнозинство, вели Силјановска Давкова. Дополнително, вели универзитетската професорка, предлог законот за употреба на јазиците, не се повикува на регулатива или директива на ЕУ, за да биде со европско знаменце и да се носи по скратена постапка, а освен тоа е и во спротивност со Деловникот на Собранието.

Професорката од Институтот за македонски јазик, Симона Груевска Маџоска, пак, изјави дека не биле повикани во Владата на консултации за предлог законот за употреба на јазици. Според Маџоска, неприменливи се дел од решенијата кои се однесуваат на двојазичност во други земји како Финска и Украина, бидејќи станува збор, за различен историски и општествен контекст.