Силјановска Давкова: Преспанскиот договор е надвор од задолжителното меѓународно право, но и од националното право


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Замислете во една од најсиромашните земји за повеќе од 2 и пол години дури 26 министри ништо не сторија, единствената реформа е Преспанскиот договор и промената на името. Јас не сум против договори, но договорите имаат две страни. Тие треба да бидат рамноправни. За жал едната е Хеленската република, другата е безимена, порача професорката Гордана Силјановска Давкова, од вчерашниот митинг во Охрид.

-Нашиот устав вели дека меѓународните договори ги склучува Претседателот во името на Република Македонија. Го заборавија уставот, заборавија дека министерот за надворешни работи не е овластен да потпишува промена на името. Преспанскиот договор е надвор од задолжителното меѓународно право, но и од националното право, ние пак велиме дека сме за право, правда и морал. Умниот Бернан Шо велел: Може да смените облека, идеологија, ама татковина никогаш не можете да смените. Што треба да правиме? Треба да победиме на претседателските избори за да ја делегитимираме власта и се што стори за овие две и пол години, треба да отвориме пат за предвремени парламентарни избори, за ново парламентарно мнозинство што ќе води сметка за Копенхагеншките критериуми оти не се оди во Европа само со договор.Слушате деновиве дека веројатно новиот победник на парламентарните избори во Грција господинот Мицотакис вели дека ќе се блокира на патот ко ЕУ, а што стана со промената на името тогаш? Ако се правото и правдата на нашата страна, а така е, тогаш мислам дека и победата на овие избори ќе биде на наша страна, истакна таа.

Силјановска Давкова одговори што ќе направи по ова прашање ако стане претседател на Македонија.

-Ме прашуваат зошто велам дека името е отворено прашање, затоа што во 21-от век тажно е повторно замислете да се отвора Македонското прашање. Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно. Но, сигурна сум дека ова име ниту има корен, ниту може да има иднина, секоја генерација има право на свој устав, така ги учам студентите, се повикувам на Русо, се повикувам на Џеферсон, се повикувам на колегата од Грција Венизелос и велам Уставот е процес, не е состојба, значи ќе дојде одговорен претседател, претседател од народот, за народот и со народот. Ќе дојде одговорен парламент, што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува кон најважните прашања, ќе дојде на нов состав на Уставен суд што ќе го брани Уставот со знаење ама и со морал. Тогаш ние еден ден со една уставна промена важна ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост. Нивната филозофија е кажувам, заборавам, негирам. Нашата филозофија ќе биде и е: кажувам, помнам, почитувам! Зошто? Зошто и на почеток се вели дека беше речта зборот, а претседател не може да биде некој кој нема збор, кој не си го почитува зборот. Тој не ја заслужува вашата доверба. Што претстои ?Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое, дека ќе го почитувам уставот и законот, дека во меѓународната политика ќе водам економска дипломатија, културна дипломатија, научна дипломатија, спортска дипломатија, тие се многу помоќни од традиционалната дипломатија. Ама за ваква дипломатија се потребни квалификувани луѓе, а не импровизатори, истакна таа.

Сликата за нас во Светот, не секогаш е убава. Зошто? Зошто во огледалото го гледаат оној кој ја претставува Македонија, ако тој не ја претставува вистинската Македонија, јас како претседател ќе го отповикам, порача таа.

– Ќе го користам ветото секогаш кога ќе се работи за неуставни закони. Не за да се правам силна жена, туку за да предупредам на Уставот и законите. Се разбира ќе ги аргументирам своите ставови и ако не ги почитуваат, ќе побарам да се обратам пред собранието, односно пред Вас за да видите дека не сум над Уставот, дека и тие не смеат да го кршат Уставот. Наместо еднаш пред годината, на Нова година ќе се обраќам постојано пред пратениците, за да адресирам горливи прашања, праша за младите и нивниот егзодус, прашања за лицата со посебни потреби, прашања а лекарите, прашања за заштитата на човековата средина. За мене екологијата не значи само заштита на човековата средина, за мене тоа е безбедносно прашање, зошто животот ни е загрозен. Да беше друга земја во неа по неколку дена, а не по неколку месеци во врвот на листите на загаденост секое одговорно собрание заради елементарна непогода ќе прогласеше вонредна состојба. Судиите во Уставниот суд кои имам право да ги предлагам двајца, членовите на Советот за безбедност со кои ќе прецедавам ќе бидат олицетворение на знаење, на стручност и компетентност. Само тие и такви органи можат да ја европејзираат Македонија. Во надворешната, во безбедносната политика и во одбраната се разбира ќе водам сметка за заедничката надлежност. За мене кохабитацијата не е болест, туку е здрава техника на вежбање демократија. Тоа ќе го практикувам. Се разбира консензусот е тогаш потребен и нужен, но доколку моите предлози, моите стратегии не наидат на прифаќање, тогаш се разбира дека ќе го информирам за тоа собранието, односно вас граѓаните, истакна Силјановска Давкова.