Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Анет Стивенс е 48-годишна мајка на две деца која своето ужасно искуство со вградените силикони во градите го опиша за Daily Mail.
Анет објаснува дека силикони вградила бидејќи нејзините гради се провиснале после доењето и мајчинството, а во себе ги носела повеќе од 13 години. Силни главоболки, остри болки по целото тело, срцева аритмија, губење на здивот, замаглен вид, анксиозност и опаѓање на косата биле само некои од секојдневните проблеми со кои се соочувала, а дури подоцна сфатила дека за сето тоа се виновни силиконските импланти.
Неодамна се нашла очи в очи со смртта откако нејзините импланти почнале да се распаѓаат и да ја трујат. Силиконот истекол во нејзината крв и оставил тешки здравствени проблеми по нејзиното здравје.
Таа вградувањето на силиконите го платила 5.500 фунти, а за вадењето искеширала 6.000 фунти.
Откако била хоспитализирана, била известена дека ткивото кое ги држело имплантите почнало да се распаѓа во нејзините гради. „Се чувствував како да умирам. Да не ги извадев силиконите, тие буквално би ме убиле“, изјавува Анет.
Видот на импланти кои ги имала вградено сега се забранети во повеќе земји, а Анет сака да ја сподели својата приказна за да ги предупреди другите жени на опасноста која можат да ја предизвикаат имплантите.