Силен земјотрес во Грција се почувствува и кај нас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Грција ноќва удри земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер. Потресот се случи 22 минути по полноќ, а е почувствуван и во Бугарија и во јужните делови на Македонија.

На социјалните мрежи голем број Македонци од јужните делови на земјава објавија за земјотресот, чиј епицентар најверојатно бил 22км јужно од Дојран во егејскиот дел на Македонија.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.