Силен земјотрес од 6 степени по Рихтер за време на масовните протести во Чиле


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За време на интензивните и масовни протести во Чиле, на кои активно учество секојдневно земаат илјадници Чилеанци, вчера во Сантјаго се почувствува силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Вчерашниот протест главно протече мирно, иако дел од демонстрантите кои фрлаа камења се судрија со полицијата за разбивање толпи.

Камерите кои го снимаат плоштадот на кој беа собрани демонстрантите го снимија земјотресот. Епицентарот на потресот бил на околу 180 километри северозападно од престолнината.

Владата тврди дека протестите го поткопуваат очекуваниот раст во една од најбогатите земји на Јужна Америка.

Министерот за финансии на Чиле Игнасио Брионес изјави дека се проценува дека бруто домашниот производ на Чиле ќе биде помал од предвидените 2 до 2,2 отсто поради демонстрациите кои се во тек.

Протестите почнаа минатиот месец кога владата најави зголемување на цената на билетот за метро од 4 отсто, но се засилија од незадоволството поради чувството на многу Чилеанци дека немаат ништо од економскиот напредок на земјата.

Чиле, поради обемот и масовноста на граѓанскиот протест, се откажа од организацијата на Светската конференција за климата и од Форумот за економска соработка на Азија и Пацификот.

За време на демонстрациите во јужноамериканската земја загинаа 20 луѓе во судирите со полицијата.