Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5,4, утрово 12 минути по 9 часот бил почувствуван на територијата на Грција, објави Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот чиј епицентар, според регионалните медиуми, бил во близина на градовите Трикала и Лариса во централна Грција, бил почувствуван и на територијата на нашата земја и тоа во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Според интернет-страницата на Американскот геолошки институт, земјотресот бил почувствувал и во соседна Албанија.
Засега нема информација за евентуални штети и жртви.