Home Актуелно Силен судар пред Собрание доцна синоќа

Силен судар пред Собрание доцна синоќа

Два автомобила се судрија вчера кај зградата на македонското Собрание. Станува збор за патничко и возило на такси-компанија, на кое од ударот предниците му се целосно уништени.

Полициски службеници извршија увид на местото на несреќата. Официјални информации за повредени засега нема. Според очевидци, сударот бил доста силен. Брзата помош интервенирала за да му укаже медицинска помош на такси-возачот.

Се очекуваат повеќе информации од МВР во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…