Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, најави дека неговата земја ќе стави вето на евентуалниот предлог за воведување санкции на Европската Унија на членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик.
Сијарто на својот официјален профил на Фејсбук напиша дека новата германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок неодамна „се закани со санкции против Милорад Додик“.
„Загрижени сме поради ваквите изјави, бидејќи Босна и Херцеговина е тука во нашата близина, зачувувањето на стабилноста и мирот во земјата е наши основен безбедносен интерес. Берлин е подалеку, но не толку далеку за од таму да не можете да отидете до Бања Лука. Одлетајте до таму и преговарајте. Разговарајте со Србите. Со нив, не за нив. Можеби тоа ќе ви помогне да ја сфатите ситуацијата“, напиша Сијарто.
Тој наведе и дека ЕУ може да воведе санкции против кого било „само со едногласна одлука на сите држави членки“.
„Унгарија нема да ја даде својата поддршка на никакви санкции на лидерот на Србите во БиХ Милорад Додик. Ако пости таков предлог, ќе ставиме вето на него. Разговор, а не санкции, тоа е она со што политиката на ЕУ за Западниот Балкан би требало да се бави во иднина“, напиша Сијарто.
Новата влада на Германија ја повика на 13 декември ЕУ да му воведе санкции на Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на БиХ кој сака да ја повлече Република Српска од оружените сили, правосудството и даночниот систем на БиХ, како одговор на воведувањето на спорниот закон за негирање на геноцидот од страна.
„Напорите за отцепување се неприфатливи, а тоа значи, и лобирав за тоа тука, дека постоечкиот режим на санкции треба да се употреби против господинот Додик веднаш“, кажа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Ситуацијата во БиХ ќе биде една од темите на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, најавено е од Брисел.