Сигурно сте се запрашале како медицинските сестри ги избегнуваат настинките – еве ја „тајната“

friendly young nurse talking to senior patient

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Медицинските сестри имаат интензивно работно време, опкружени се со луѓе со загрозен имунолошки систем и уште се и во постојан контакт со пациенти, но наспроти тоа тие ретко се разболуваат.

Дали сте се прашале некогаш, зошто е тоа така? Пред се, важно е медицинските сестри да водат соодветна грижа за своето здравје, за да бидат во состојба да се грижат за другите.

Освен што редовно ги мијат рацете и никогаш не забораваат да се вакцинираат против грип, медицинските сестри имаат одлични совети за помош, со кои го одржуваат силен имунолошкиот систем и ги избегнуваат епидемиите од вируси.

Ова се нивните седум совети:

1. Никогаш не го допирајте лицето со раце

Како што и самите знаеме, вирусите и бактериите најчесто се пренесуваат преку рацете, устата и носот, вели Николета Константин, медицинска сестра од Северна Каролина.

Таа додава дека таа има здрава навика и дека никогаш не го допира лицето, а ако треба да се почеша по носот, користи марамче или подлактицата. Исто така, никогаш со рацете не ги трие очите.

Николета истакнува дека капките од кивањето можат да пренесат бактерии до речиси еден метар и затоа таа додека е на работа, не приоѓа до настинати лица.

2. Хигиената им е на прво место, дури и кога не се на работа

Стекнатите навики тешко се напуштаат и кога се работи за грижата за здравјето, тоа е одлична работа. Грижата за хигиената за медицинските сестри не престанува во ниеден момент.

– Салите за вежбање се вистински извор на бактерии, вели медицинска сестра од Аризона, која направата за вежбање пред користење прво ја брише со марамчиња за дезинфекција.

По вежбањето и откако ќе дојде дома, рацете ги мие со вода и сапун. Алкохолните дезинфекциски марамчиња секогаш ги носи со себе, па дури и кога оди во шопинг.

Таа оди толку далеку што дури и рачките од корпите секогаш ги пребришува со влажни марамчиња.

3. Бираат здрави намирници

Интензивниот дневен ритам и ручекот од нога можат да доведат до развивање на лоши и нездрави прехранбени навики. Затоа медицинските сестри имаат трик. Тие однапред планираат што ќе јадат, така најчесто носат спакуван оброк од дома.

Внимателно ја мијат секоја намирница и бираат здрава храна, со цел секојдневно да го зголемуваат својот имунитет. Храната која ќе го зголеми вашиот имунитет е јогуртот, супа од кокошка, сладок компир, печурки…

На работа имаат правило да не го делат својот оброк, со цел да не си пренесат бактерии меѓусебно.

4. И покрај прекувремената работа тие не забораваат да шетаат

Ќе признаете дека по работното време шетањето на свеж воздух и тоа како годи. На патот до дома Клер Шустер, медицинска сестра од Њујорк, се симнува една станица пред својата куќа за да прошета.

Според едно истражување, 30 до 45 минути одење дневно го зголемува бројот на имуните клетки во телото и го намалува ризикот од настинки за високи 40 отсто.

5. Го искористуваат целиот свој годишен одмор

За да избегне стрес и собирање на негативна енергија, Шустер не остава ниту еден ден од годишниот одмор неискористен.

– Тоа ми е многу важно да ги наполнам батериите и повторно да сум подготвена на сите предизвици кои ги бара мојата работа. Ако не се грижам за себе нема да можам ни за другите, вели таа.

6. Не ги потиснувајте своите чувства

Работам со пациенти кои се болни од рак, па секојдневно се сретнувам со животни приказни поради кои ми се кине срцето, вели една медицинска сестра.

Таа додава дека едно време молчела за тоа, постојано размислувала што може да направи за нив. Но, по некое време забележала дека ја мачи нервоза и страв и се одлучила да престане. Отишла да разговара со психолог.

– Кога сите тие мои чувства излегоа на видело, веднаш се чувствував подобро. Не се плашете од разговори, вели таа.

7. Тие се оптимисти

Можеби ова звучи формално, но таа добра стара монтипајтоновска „секогаш гледај на животот од повеселата страна” и тоа како има позитивно дејство, како подобрување на имунолошкиот систем.

Американската медицинска сестра Пејџ Робертс внела правило во клиниката според кое сите морале да ги запишуваат позитивните работи кои им се случиле тој ден.

По четири години успеале да соберат 7.000 позитивни работи, што навистина е завиден број, а бројот на боледувања се преполовил.