Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И ние, од прва, помисливме дека станува збор за уште едно селфи на Џенифер Лоренс со променет имиџ. Но, вистината не е баш таа.
17-годишната Алексија Мајер од Флорида стана ѕвезда откако нејзните следбеници на Инстаграм сфатија колку неодоливо личи на актерката Џенифер Лоренс.
„На почетокот мислев дека луѓето ме зезаат кога ми велеа дека личам на Џенифер Лоренс. Но, кога почнав да добивам и купови коментари на социјалните мрежи, и самата го сфатив тој факт. Кога отидов во Њујорк, луѓето ме застануваа и ми бараа автограм“, раскажува оваа тинејџерка за Daily Mail.
„Поради оваа сличност добивав многу внимание во средно училиште, но и на социјалните мрежи. И добро и лошо внимание, но сето тоа ми помогна да се изградам себеси онаква каква што сум денес“, вели оваа млада убавица.
А еве ја и Џенифер Лоренс.