Сибир ноќеска се пресели во Македонија – најстудено во Берово со -28 Целзиусови


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Изминатата ноќ измина во услови на навистина ниски температура. Во Берово, иако не беше надминат рекордот за апсолутен температурен минимум, факт е дека добро се доближивме до истиот. Измерениот минимум утрово од страна на УХМР беше -28°С.

Следно мерно место по студенило утринава беше Битола со измерени -24,6°С. Следни на листата беа Крива Паланка и Лазарополе со по -23°С, додека наредни на листата со температура под -20°С беа Тетово, Прилеп, Скопје (Петровец), Штип и Пожаране.

Целата листа на минимална температура измерена утринава е дадена на насловната „фотографија“.

Температурата денеска останува под нулата во текот на целиот ден и ќе има максимална вредност низ котлините -10°С и -7°С.

Имајте в предвид дека околу нас има луѓе кои за жал се без покрив над главата, а за време на празниците остануваат огромни количини на храна која за жал се фрла. Поделете ја со нив! Однесете им топол напиток, или зимска гардероба која повеќе не ја носите.
Не ги заборавајте ниту животните, особено птиците. Тие на овој студ и мраз неможат лесно да дојдат до храна. Ви благодариме.