Сиа откри дека боледува од ретка наследна болест


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фамозната пејачка Сиа, која е позната по мистериозноста на сцена каде секогаш го крие својот лик, за пошироката јавност и нејзините обожаватели откри дека страда од ретка наследна болест, порачувајќи им на сите кои страдаат од други хронични болести, дека не се сами.

Австралиската пејачка Сиа, позната по криењето на својот идентитет на сцена, сподели со своите фанови една вест на нејзиниот Твитер.

Таа напиша дека има Елерс- Данлосов синдром (ЕДС), ретка наследна болест која е карактеристична по претерана подвижност на зглобовите, претерана еластичност на кожата, кревкост на сите ткива, што може да предизвика силна болка во зглобовите и умор, пишува „Eonline.com“.

Ова признавање наиде на позитивни коментари од нејзините фанови кои ја споделиле нејзината порака.