Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ендрју Липи од Флорида беше обвинет за кражба на стока во вредност од 300 долари, откако беше фатен како краде во супермаркет. Интересно е тоа што неколку дена пред да го фатат како краде, типот си купил приватен остров за кој платил 8 милиони долари.
Ендрју Липи е обвинет за кражба во вртедност од 300 долари од супермаркет, соопшти полицијата на Ки Вест. Пред неколку дена тој беше споменат во локалните медиуми, како нов сопственик на островот Томсон, вреден 8 милиони долари.
Милионерот ги отфрла обвиненијата и вели дека му направиле трговски трик. Но , кога полицијата видела дека украдените предмети се добро осмислени и дека не купувал како што прават клептоманите , го пријавила во обвинителството.
Тој бил толку безобразен во кражбата , што во кошницата ставил машина за кафе од 55 долари , а во кутијата имало апарат што чинел 150 долари.
Во кутијата на скапиот апарат Липи спакувал баскет. Липи бил пуштен од полиција , откако бил испрашан и треба да сде појави на суд на 18 Април.