Си купи нов луксузен Lamborghini – не му „траеше“ ни 20 минути


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најновиот пример за брзо уништување на луксузен примерок од престижниот автомобилски бренд Lamborghini доаѓа од Велика Британија. Новиот сопственик го купил скапиот Huracan Performante Spyder во салонот и веднаш се упатил кон автопатот.

Задоволството од возењето моќен ѕвер од 640 КС не траело долго. Иако се очекува дека сопственикот кој го управувал новиот Lamborghini е виновен за несреќата, работите се многу поразлични. Според полицискиот извештај, возачот на луксузниот спортски автомобил нагло запрел на автопатот поради механички дефект. Возачот на комбе немал доволно време да реагира, па тој завршил во задниот дел на автомобилот. Судејќи според фотографиите, штетата на италијанскиот ѕвер е голема и многу веројатно ќе заврши за авто делови.

Не е познато дали и колку бил повреден возачот на новиот Lamborghini. Возачот на комбето е хоспитализиран со полесни повреди на главата. Huracan Performante Spyder се продава во Европа по цена од околу 261.000 евра.