Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вработен во еден од маркетите од ланецот Лидл лоциран во Барселона бил отпуштен од работа бидејќи доаѓал порано на работното место за да ја подготви продавницата за отворање.
Тој во Лидл работел 12 години, а се одлучил да се жали на суд и бара да се врати на работа.
Работникот Жан П. доаѓал на работа еден час пред да му почне смената за да ја подготви продавницата. Причината за отказот наведена во отказното решение била дека ги прекршил правилата за работа, бидејќи без да се запише дека дошол на работа правел нарачки, ги менувал цените или ги пополнувал палетите на производи.
Тој бил забележан како доаѓа на работа и поминува долг период таму без да се пријави дека е дојден на работа со што ги прекршил строгите правила на Лидл.
Жан се решил да го тужи работодавачот бидејќи смета дека е неправедно отпуштен и бара да се врати назад на работа. Тој исто така додава дека не му било кажано дека треба да побара дозвола за да дојде порано на работа.