Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинител акт против Д.Д.,кој се товари за убиството што се случи на 26 јуни, во кругот на црквата Света Мина.
Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека надлежниот јавен обвинител во текот на истражаната постапка ги прибрал сите материјални и вербални докази за случајот и до Основниот суд во Куманово го доставил обвинението. Воедно до судот бил доставен и предлог за продолжување на притворот на обвинетиот, кој се товари за убиство со умисла.
Настанот се случил кога по посета на ноќен клуб, обвинетиот и жртвата се упатиле кон кумановската населба Вера Которка, во кругот на црквата Св. Мина. Додека разговарале, обвинетиот му пришол од зад грб на сега починатиот кој седел на клупа во близина на бунар, извадил огнено оружје – пиштол марка „црвена застава“ и од непосредна близина на растојание од 2 сантиметри, испукал еден куршум во левиот тилен дел на главата на сега покојниот. Нанесената прострелна рана предизвикала фатални повреди поради што настапила смртта. Обвинетиот потоа го фрлил телото на починатиот во блискиот бунар и го напуштил местото на настанот, стои во соопштението од Јавното обвинителство.