Си го тетовираше лицето за да не може да најде нормална работа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кајлеи Пич била толку одлучна во својата намера да стане успешна уметница, што го истетовира и своето лице со цел работодавците да ја одбиваат при конкурирање за работно место, па така да може да се занимава само со тетовирање, пренесува ВВС.

Над нејзините веѓи го истетовира зборот „Проколната“ и смета дека токму таа тетоважа ќе ја спаси од понудите за работа, па на крајот ќе нема друга опција освен да се занимава со тетовирање.

Кајлеи денес има 26 години и го има истетовирано 60 проценти од своето тело. За ВВС откри дека нејзиниот ризик се исплател, бидејќи во целост го променил нејзиниот живот.

„Привлекувам внимание кога одам по улица, па ми треба време за да сфатам зошто е тоа така. Потоа ми текнува дека сум истетовирана. Често ме прашуваат за тетоважите на лицето и вратот. Мислам дека луѓето тетоважите на тие места ги сметаат за екстремни“, вели Кајлеи. Додава дека често добива и лоши критики, особено од нејзиното семејство, кое не е воодушевено од нејзините идеи и одлуки.

„Кога мојот татко се прежени, ми рече дека не можам да бидам деверица на венчавката поради моите тетоважи. Меѓутоа, од тогаш го промени неговото мислење, бидејќи почнав сериозно да се занимавам со оваа работа“, открива таа.

Првата тетоважа ја направила кога имала 18 години. А првата тетоважа на своето лице ја направила на24 години. На лицето си истетовирала „Проколната“, бидејќи во тоа време била песимистка и сметакал дека ништо не  ѝ оди од рака.

Пред да почне да се занимава со тетовирање, живеела над еден паб каде често излегувала и се запивала. Истакнува дека сака да живее над пабови, бидејќи пријателите често ја викаат на пијачка и секогаш мора да останува до касно.