Home Шоубизнис Си го смени името во чест на Путин

Си го смени името во чест на Путин

Бившиот претендент за светска титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), американскиот боксер Кевин Кингпин Џонсон го промени своето презиме во Владимирович, во чест на рускиот претседател Владимир Путин.

– Во чест до претседателот Владимир Путин, решив да го сменам моето име. Сега ќе ме викаат Кевин Владимирович – во чест на Владимир Путин. Не се шегувам, 100 отсто Русин, изјави Џонсон во интервју за весникот „Известија“.

На 18 август боксерот на турнирот во Москва ќе ги одмери силите со светскиот шампион од 2021 година, Русинот Марк Петровски.

Џонсон во април рече дека сака да живее во Русија. Како што истакна, тој со години доаѓа во Руската Федерација и, патувајќи низ земјата, пoсeтил голем број градови и села, па сфатил дека „му се допаѓа руското отворено пространство“. Според спортистот, Русија има и подобра храна без ГМО од САД.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …