Актуелно

Си Џинпинг се воцари – со измена на уставот, тој може да биде доживотен претседател на Кина

Со давање зелено светло за отстранувањето на границата на мандатот на претседателот на државата, Кина му овозможува на Си Џинпинг да остане како претседател доживотно, објави Би-Би-Си.

Уставните измени беа усвоени од страна на Националниот народен конгрес на Кина. Двајца делегати гласаа против промената, а тројца беа воздржани, од вкупно 2.964 гласови, пренесува Макфакс.

Од 1990-тите години досега, претседателот на Кина имаше лимит од два мандата.

Си, кој требаше да се повлече во 2023 година, се спротивстави на традицијата за презентирање на потенцијален наследник за време на Конгресот на Комунистичката партија во октомври.

Наместо тоа, ја консолидира својата политичка моќ додека партијата гласаше да го зачува неговото име и политичка идеологија во уставот на партијата – го подигна својот статус до нивото на основачот, претседателот Мао.

На хартија, конгресот е најмоќното законодавно тело во Кина, слично на парламентот во другите земји.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top