Швеѓани на затворена Фејсбук група пренесуваа силување на жена во живо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тројца мажи се уапсени во Шведска под сомнение дека силувале жена, а еден од нив вршел стриминг во живо на затворена фејсбук група.

Според шведскиот таблоид Aftonbladet, наводниот криминал се случил во стан во шведскиот град Упасала, во недела наутро. Жртвата била речиси без свест.

Јозефине Лундгрен, на возраст од 21 година, ја алармирала полицијата во 8.24 часот во неделата наутро, откако сфатила што се случува на затворената група, која брои 60.000 членови.

Тој и ги искина алиштата ја легна и тој легна врз неа, вели Лундгрен.

Ти беше силувана, и вели еден од мажите на жртвата на крај и почнува да се смее. Три против една, ха, ха, ха, коментира еден од членовите во групата.

Според телевизиската мрежа SVT, мажите направиле уште едно јавување во живо што траело и кога полицијата влегла да интервенира.

Маркус Свенсон од полицијата во Упсала потврди дека полицијата има копија од последната објава и дека има многу сведоци за случајот.

Жртвата била пренесена во болница да и се укаже помош и да се соберат докази.

Срцето ми се скрши. Девојката седеше пред камера, додека момчето кое снимаше ја тераше да каже дека не била силувана, вели Линда Јохансон, која го гледала вториот стрим.

И други кои гледале што се случува се чудат како може такво нешто да се прави и како тие луѓе ќе живеат понатаму.

Уапсените се родени 1992,1996 и 1998 година, што значи дека се на возраст од 18 до 25 години, и се помлади од жртвата која е родена 1986 година и има 31 година. Според Expressen, најстариот од момчињата има претходни пријави за дроги и насилство.

Истата фејсбук група и претходно го привлече вниманието на полицијата, кога ученици пренесуваа како се закануваат дека ќе убијат друг ученик.