Шведските социјал-демократи со најмногу гласови на изборите во Шведска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владејачката Социјалдемократска работничка партија победи на вчерашните парламентарни избори во Шведска.

Работничката партија победи заедно со нејзините коалициски партнери -Социјалистичката лева партија и Еколошката зелена партија, но не успеа да обезбеди мнозинство во новиот парламент.

Според неофицијалните резултати, Социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во шведскиот Риксдаг, пред конзервативната умерена партија со 19,8 проценти и освоени 70 мандати.

Најголем процентуален успех оствари десно популистичката партија Шведски демократи со 17,6 отсто од гласовите и 62 пратеници, со што, во услови кога ниту еден блок не обезбеди мнозинство во парламентот, може да игра клучна улога во формирањето на идната влада..