Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Обичните смртници“ во славните фаци и популарните ликови од светот на шоубизнисот гледаат идоли кои неретко ги имитираат и копираат во својот секојдневен живот, со тенденција што повеќе стилски да им се приближат на нивниот имиџ.
Да, има многу девојки кои сакаат да личат на Ким Кардашијан, Бијонсе, Џенифер Лопез, како и момци кои ги копираат славните актери и музичари. Но, едно е да сакаш да личиш на некоја реална шоубизнис ѕвезда, а сосема друго е да сакаш да личиш на цртан лик.
Пикси Фокс се има подложено на многу естетски корекции и операции, само и само што повеќе да личи на цртаниот лик Џесика Ребит, хероината од цртаниот филм Who Framed Roger Rabbit. „Шведската Барбика“, за таа цел, си отстрани шест ребра во обидот поверодостојно да го имитира ликот на анимираната црвенокоса.