Home Вебкафе Шведска: Со камиони ги преместија сите куќи од Малмбергет на друго место (видео)

Шведска: Со камиони ги преместија сите куќи од Малмбергет на друго место (видео)

Инженерите во Шведска успеаја да ги преместат сите куќи од Малмбергет во друга населба и тоа само со помош на камиони.

Најголемата куќа која беше преместена беше тешка 230 тони, а на ваков начин биле преместени вкупно 30 куќи. Најстарата од нив била изградена во далечната 1909 година.

Преселбата на куќите во соседната населба била со цел да се овозможи понатамошна експлоатација на железна руда која со тек на време ќе доведе до целосно исчезнување на Малмбергет.

За да ја спроведат својата идеја на дело, инженерите користеле специјални камиони кои без никакви оштетувања ги пренесоа куќите во соседната населба.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Љубовната приказна на Џулија Робертс и Метју Пери – од флерт преку факс до легендарната епизода на „Пријатели“

Во златната ера на холивудската телевизија, на сетот на култната серија „Пријатели“, се ро…