Шведска го забранува и пушењето цигари на отворено


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со новата законска регулатива која на сила стапува денес, Шведска става забрана за пушење цигари на отворено на некои јавни места, како што се игралишта и перони на железничките станици.

Со новите правила, исто така, се забранува пушење во отворените делови на рестораните, како и во сепарињата за пушачи. Забраната вклучува и електронски цигари.

Официјалните податоци покажуваат дека во 2016 година, 11 отсто од 10 милиони жители на Шведска пушеле, додека 10 отсто пушеле повремено.

Шведска во 2005 година го забрани пушење во барови и ресторани.

Целта на новиот закон е до 2025 година пушењето целосно да биде забрането во таа скандинавска земја.