Шведска е рајско општество за раѓање и растење деца – еве ги причините


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во најголем дел од развиените западни, па и источни земји, родителите се буквално „оковани“ од работни обврски и ангажмани кои им го скратуваат времето кое сакаат и треба да го поминат со нивните деца додека растат. Но, тоа не важи и за Шведска, каде системот ги поддржува родителите во процесот на одгледување на децата.

Благодарение на нивниот систем, родителите работат помалку часови, а некои дури и не мора да работат воопшто одреден период, а има и многу други бенефити, заради што се смета за земја каде има најповолни услови за родителите.

Шведска се одликува и разликува од останатите земји, по тоа што таму е најдолго платеното породилно отсуство, кое може да трае и до 480 дена, а најдобро од сè е тоа што истото може да биде поделено 50-50 помеѓу мајката и таткото.

А, поддршката на Шведска за родителите не застанува ни откако децата ќе потпораснат, со оглед на тоа што тие имаат право на 120 дена годишно отсуство за да се грижат за децата до нивна 12-годишна возраст во случај на болување.

Родителите дури имаат и право на 60 дена отсуство во годината, како компензација, ако нивното дете не е болно, но оној што го чува (баба, дедо, дадилка) не е во можност да се грижи моментално за него.

Доколку пак детето има помалку од 8 години, родителот има право и на скратено работно време.

Во меѓувреме, децата посетуваат претшколска настава, волонтерски од првата година, а задолжително од 3-та до 6-та година, со тоа што, владата плаќа 3 часа на ден и им помага на оние кои заработуваат помалку.

Кој не би посакал да создаде семејство во оваа прекрасна земја со бесконечни можности и услови?