Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на проектот кој Агенцијата за катастар на недвижности ќе го спроведува до 2023 година, предвидено е зајакнување на неговата ефикасност и капацитет, како и изработка на нови алатки за подобри услуги кон граѓаните и фирмите. За таа цел, македонскиот Катастар добива шведска донација од 2,2 милиони евра.
Финансиската поддршка е обезбедена од Шведскиот катастар кој ќе понуди и експертска помош за планираните пет компоннети со проектот, меѓу кои воспоставување адресен регистар, центар за скенирање и дигитализирање на сите катастарски документи и модерна геодетска инфраструктура, пренесува Опсервер.
Со проектот „Соработка за дигитална демократија“, Агенцијата за катастар на недвижности, како што најави директорот Борис Тунџев, ќе добие постојана едукација и подобрување на техниката и перформансите реализирани во пет компоненти, во периодот до 2023 година.
Планираниот Адресен регистар треба да обезбеди услуги, алатки и податоци достапни за општините, владините организации, како Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика, Централниот регистар и Центарот за управување со кризи, како и јавниот и приватниот сектор.