Шварценегер нападнат со кунг-фу удар во грб во Јужна Африка (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот холивудски актер и бивш гувернер на Калифорнија, култниот Арнолд Шварценегер, беше нападнат со кунг-фу удар во грбот во Сандтон, Јужна Африка, каде беше поканет да суди на еден локален спортски настан.

Додека тој потпишува автограми, непознат човек се стрча зад него и во скок со нозете го удри грбот. Причините за ова однесување се непознати.

Шварценегер стана познат по своите улоги во култната франшиза „Терминатор“ и уште многу други акциони филмови и неколку други. Од 2003 до 2011 година, тој беше гувернер на Калифорнија.