Швалерисувањето и разводот ќе го „олеснат“ Безос за 70 милијарди долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако ќе се заврши бракоразводната парница и ќе се расчистат финансиските есапи меѓу Џеф Безос и неговата (наскоро бивша) сопруга Мекензи Безос, основачот на гигантот „Amazon“ нема веќе да биде најбогатиот човек на светот бидејќи ќе треба да Мекензи ќе го „олесни“ за 70 милијарди долари.

54-годишниот Џеф Безос, кој се проценува дека финансиски „тежи“ 140 милијарди долари, ќе мора на половина да го подели својот имот со сопругата Мекензи бидејќи немале предбрачен договор, а се појавија информации дека ја изневерувал.

Како што пренесува „Сан“ Безос на својата љубовница Лорен Санчез ѝ испраќал експлицитни фотографии и пораки толку “сочни“ што американските таблоиди не сакале да ги објават. Таа тие пораки наводно и ги проследила на пријателките, а тие на крајот завршиле во јавноста, а тоа создало проблеми во врската на најбогатиот човек на светот и водителката.

Невеството, наводно, било откриено кога неговата сопруга видела име на непозната жена на списокот на патници на приватниот авион.

Мекензи и Џеф се венчале пред повеќе од две децении и имаат четири деца, три сина и посвоено девојче од Кина.