Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Познатото швајцарско чоколадо доживеа пад во продажбата од 14,3 проценти во првите осум месеци од оваа година, бидејќи пандемијата на „ковид-19“ ги погодила зделките поврзани со трговијата на мало и производителите во хотели и ресторани.
Падот е уште поизразен во периодот од четири месеци до крајот на август, кога продажбата пропаднала за една петтина, што го одразува падот на домашната и странската побарувачка, се вели во денешниот извештај на здружението на производители Chocosuisse.
Швајцарија извезува повеќе од 70 проценти од своето чоколадо, а на нивниот бизнис особено влијаел падот на секторот туризам и патувања ова лето, според здружението, чии членови се и Бери Калебо и Линдт и Спруенгли, меѓу другите.
„Опоравувањето не се гледа на нашите важни пазари, дури и на долг рок“, предупреди Chocosuisse.
Во првите осум месеци, домашната продажба исто така опаднала како што се зголемил увозот, посочуваат тие, критикувајќи ги високите цени на суровините во Швајцарија.
Во 2019 година, приходите на швајцарската индустрија за чоколадо изнесувале 1,79 милијарди швајцарски франци (1,67 милијарди евра).