Швајцарците изгласаа забрана за носење на бурка, никаб, шамија, но и било какво покривање на лицето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со тесно мнозинство, на референдумот кој го одржа Швајцарија, Швајцарците изгласаа забрана за носење шамија, никаб и бурка.

За иницијативата „Да за забрана за покривање“ се изјасниле 51,21 процент од гласачите, но во изјаснувањето (07.03) учествувале само околу половината од Швајцарците – излезноста е 51,4 проценти. Забраната за покривање на лицето сега треба да биде внесена во уставот на земјата. Со неа е опфатено религиозното покривање на жените како бурка и никаб, но и затскривањето на лицето, на пример на хулиганите на фудбалските натпревари и на демонстрантите.

Политичките дебати кои претходеа на референдумот меѓутоа речиси исклучиво беа ориентирани кон муслиманската компонента. Здружението кое е иницијатор на референдумот и е блиско до Народната партија на Швајцарија, како аргументи за забраната наведе постоење чувство на „загрозеност од радикалниот ислам и доследно спроведување на правата на жените.“ Швајцарската влада, парламентот и сите поголеми партии во земјата, освен Швајцарската народна партија, се изјаснија против забраната, дотолку повеќе што само неколку десетици жени во Швајцарија носат бурка или никаб.