Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според научните проценки на имунологот Саи Реди од Швајцарскиот федерален институт во Цирих, суперсој на коронавирусот може да се појави следната година и секој невакциниран човек е потенцијален суперносител. Реди, дополнително, предупреди дека ковид-22 може да биде многу поопасен.
Швајцарскиот имунолог рече дека комбинацијата на постоечките соеви може да резултира со нови, поопасни мутации и поопасна фаза на пандемијата.
„Ковид-22“ може да биде многу поопасен од она на што сме сведоци сега “, предупреди Реди, објави „Мирор“.
Затоа, вели тој, ќе биде неопходно да се направат повеќе вакцинации во следните години, „можеби до крајот на животот“.
Зборувајќи за швајцарски „Блик“, швајцарскиот научник рече дека поради соевите како делта, „ова веќе не е ковид-19“ и предупреди дека секој што ќе одбие да се вакцинира, ќе биде заразен во одреден момент.
– Количината на патогени што делта ги носи со себе е толку голема што секој што не е вакциниран може да биде супер вектор, нагласи Реди.
Тој додаде дека бројот на пациенти ќе се зголеми на есен и предвидува враќање на рестриктивните мерки во некои земји.
– Многу е веројатно дека ќе се појави вирус против кој нема да можеме да се потпреме само на вакцинацијата. Затоа во следните години треба да се подготвиме за неколку вакцини, а вакцините ќе мора да се прилагодат на новите мутации, рече Реди.
Научникот изјави дека бета и гама соевите делумно можат да избегнат антитела, додека „делта е многу позаразна, но не развива механизми за избегнување на антителата“.