Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Годишниот проект на швајцарскиот уметник Франсоа Монту да гради глинени скулптури на брегот на реката Толер ова лето се разви во величествен комплекс замоци поради сушата што ја погоди западна Европа.
Монту го почнал својот најнов проект со умерени амбиции пред шест недели, но сушата му дозволи да изгради цел град од кули.
Тој сега има мешани чувства: сака да заврне, но свесен е дека неговиот свет ќе исчезне кога ќе се случи тоа.Од друга страна, пак, уште од почетокот знаел дека неговото дело е „привремено“.
„Го замислувам животот на луѓето кои минуваат под премините, под мостот, гледаат во спомениците, гледаат во градот… Па, влегувам и почнувам да сонувам… Гледам како нивниот свет оживува под моите прсти“, појаснува Монто.
Во меѓувреме, посетителите можат да се воодушевуваат на волшебниот замок од глина, изграден близу родното село на Монту, Биер, во кантонот Вод.