Швајцарија незапирлива: Еве во што ќе биде независна до 2050 година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Граѓаните на Швајцарија гласаа за контроверзниот закон за енергија според кој оваа земја би можела да ја напушти нуклеарната енергија.

Вчера беше изгласан новиот енергетски закон, нуклеарните електрани веќе нема да се градат. Според првите податоци на институтот gfs.bern по затворањето на избирачките места со да гласале 58 насто од граѓаните.

Во Швајцарија има пет нуклеарни електрични централи, од постар датум, кои сега обезбедуваат една третина од енергетските потреби на земјата.

Наместо тоа ќе се промовираат обновливи извори на енергија, а потрошувачката на енергија по жител ќе се намали до 2035 за 43отсто.

Парите остануваат овде!, со овој слоган предлагачите промовираат нов енергетски закон. Со овие зборови сакаат да ја победат националната конзервативна напредна партија СВП, која е против законот за енергија.

СВП предупредува на високи трошоџи поради новиот енергетски закон.

Федералното собрание само процени дека претворањето на швајцарската дистрибуција во електрична енергија до 2050 година ќе чини околу 200 милијарди франци. Тоа е по 3200 франци за четиричлено домаќинство годишно. Тоа е претерано, рекол заменик претседателот на СВП Тони Брунер.

Швајцарија која е целосно енергетски зависна од странски земји, како Либија, Русија, Казахстан, Нигерија и Азербејџан, до 2050 сака да биде независна кога се работи за увоз на енергија.